Воннаставни активности
Во воннаставни активности спаѓаат сите организирани форми на работа кои училиштето ги реализира надвор од задолжителните наставни часови, со цел да ги развие талентите, креативноста и социјалните вештини на учениците. Овие активности се на доброволна основа, а во нашето училиште ќе се организираат и реализираат следниве воннаставни активности:

Учеството на учениците во воннаставните активности во основното образование не се вреднува со бројчани оценки, туку преку континуирано следење на присуството, степенот на ангажираност и напредокот на ученикот во текот на годината.
9.1.Училиштни спортски клубови
Во ООУ „Круме Волнароски“ – Тополчани е формиран училиштен спортски клуб „Вихор“. Цел на спортскиот клуб е организирање, развој и унапредување на спортот, промовирање на здрави животни навики и создавање услови за професионални тренинзи и натпревари. Во него членуваат сите ученици од VI до IX одделение. Наставници – носители на спортскиот клуб се:
- Бобан Богданоски-претседател
- Давор Конески
- Јордан Чавлески
- Димитар Коруноски и
- Марија Јанкулоска
Секции / Клубови
Цели: Низ слободните ученички активности ќе се создадат услови за индивидуализација на воспитно – образовниот процес, за задоволување и негување на индивидуалните интереси и способности на учениците.
Своите афинитети и интереси учениците ќе можат да ги искажат преку работата на следниве слободни ученички активности:
- литературно – рецитаторска секција;
- литературно – драмска секција;
- спортска секција
| Име и презиме
на наставникот |
Секција | Ученици | Потребни ресурси | |
| 1 | Емилија Јовановска | Литературно – рецитаторска секција; | од VI до IX одд.
Старо Лагово |
хартија, принтер,
литература |
| 2 | Филип Ристески | Литературно – драмска секција | од VI до IX одд.
Тополчани |
хартија, принтер,
литература |
| 3. | Илин Ѓеорѓиевски | Спортска секција | од VI до IX одд.
Тополчани и Старо Лагово |
спортски реквизити |
9.3.Акции
| План за организирање на хепенинг, хуманитарни, еколошки акции во учебната 2026/2027 година | |||
| Содржина на работата | Носители | Време | |
| 1. | -Oдржување на училиштето преку уредување на училниците, ходниците и дворот | стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, ученици | континуирано |
| 2. | -Во локалната средина со учениците ќе се изведуваат разновидни акции од еко карактер | стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, ученици, | континуирано |
| 3. | -Работни акции | стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, ученици | континуирано |
| 4. | -Собирни акции | стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, ученици | континуирано |
| 5. | -Учевство во ублажување на можни последици од елементарни и други несакани опасности | стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, ученици | континуирано |
| 6. | -Хуманитарна акција за семејство во ризик | стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, совет на родители, ученици | континуирано |
| 7. | -Хепенинг по повод „Велигден“ и „Спасовден“ | стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, совет на родители и ученици | мај 2027 |
