Отворениот ден за граѓанско образование, за учениците од ООУ „Круме Волнароски“ – Тополчани беше предизвик за поттикнување на демократска клима во училиштето при што секој ученик, индивидуално, даде своја иницијатива за превземање на конкретни акции во ученичкиот живот и за значајни позитивни промени во социјалната средина која ги опкружува.
Низ активностите на отворениот ден, учениците учеа за своите права и за тоа што значи демократијата и како таа се практикува, а истовремено учеа како се спроведуваат ученички иницијативи, како да донесуваат одлуки и како да превземат акција за внесување на промените.
Преку своите иницијативи, за проблемите кои ги лоцираа, учениците побараа поддршка за подобрување на состојбите во училиштето и заедницата.
Активности за подигање на демократската клима во училиштето беа спроведени низ:
- Воведно обраќање на директорот на училиштето , Јасмина Караниколова;
- Обраќање на дете правобранител , Александра Јосифоска (презентација на спроведена анкета);
- Обраќање на претседателот на ученичкиот парламент , Викторија Манческа (презентирање на пораката до локалната заедница);
- Работилница: „Да бидеме одговорни“ – ученици од IV и V одделение;
- Работилница: „Права и обврски“ – ученици од VI одделение;
- Работилница: „За подобар свет“ – ученици од VII одделение;
- Дебата и работилница за ученичка иницијатива: „Учениците како одговорни граѓани“ – ученици од VIII и IX одделение.