“Cras tristique turpis justo, eu consequat sem adipiscing ut. Donec posuere bibendum metus.”
ОСНОВАЊЕ
ООУ „Круме Волнароски“, Тополчани е основано 1948 година со решение од Секретаријат на општествени служби и општа управа при Собрание на општина Прилеп, бр. 09-85/1 17.03.1986.
Името го добива по еден од седумте народни херои од Општина Прилеп, а се наоѓа во центарот на селото Тополчани. Тоа е рурално општинско основно училиште со внатрешна површена од 748 м2, и училиштен двор од 7000м2. Училиштето располага со спортски терени и игралишта со површина од 1000м2. Наставата се реализира на македонски јазик.
Круме Волнароски 1909 – 1944
Современо училиште
Централното основно училиште во кое се реализира настава од I до IX одделение се наоѓа во с. Тополчани, а во состав на истото влегуваат и осум подрачни училишта кои опстојуваат во населените места: Старо Лагово, Клепач, Чепигово, Алинци, Загорани, Ново Лагово, Галичани и Беровци. Во подрачното училиште во с. Старо Лагово се изведува настава од I до IX одделение, а во сите подрачни училишта се изведува настава од I до V одделение во комбинирани паралелки. Наставата се реализира на македонски наставен јазик.