Back

Воннаставни активности

Во воннаставни активности спаѓаат сите организирани форми на работа кои училиштето ги реализира надвор од задолжителните наставни часови, со цел да ги развие талентите, креативноста и социјалните вештини на учениците. Овие активности се на доброволна основа, а во нашето училиште ќе се организираат и реализираат следниве воннаставни активности:

Учеството на учениците во воннаставните активности во основното образование не се вреднува со бројчани оценки, туку преку континуирано следење на присуството, степенот на ангажираност и напредокот на ученикот во текот на годината.

9.1.Училиштни спортски клубови

Во ООУ „Круме Волнароски“ – Тополчани е формиран училиштен спортски клуб „Вихор“. Цел на спортскиот клуб е организирање, развој и унапредување на спортот, промовирање на здрави животни навики и создавање услови за професионални тренинзи и натпревари. Во него членуваат сите ученици од VI до IX одделение. Наставници – носители на спортскиот клуб се:

  • Бобан Богданоски-претседател
  • Давор Конески
  • Јордан Чавлески
  • Димитар Коруноски и
  • Марија Јанкулоска

Секции / Клубови

Цели: Низ слободните ученички активности ќе се создадат услови за индивидуализација на воспитно – образовниот процес, за задоволување и негување на индивидуалните интереси и способности на учениците.

Своите афинитети и интереси учениците ќе можат да ги искажат преку работата на следниве слободни ученички активности:

  • литературно – рецитаторска секција;
  • литературно – драмска секција;
  • спортска секција
Име и презиме

на наставникот

Секција Ученици Потребни ресурси
1 Емилија Јовановска Литературно – рецитаторска секција; од VI до IX одд.

Старо Лагово

хартија, принтер,

литература

2 Филип Ристески Литературно – драмска секција од VI до IX одд.

Тополчани

хартија, принтер,

литература

3. Илин Ѓеорѓиевски Спортска секција од VI до IX одд.

Тополчани и Старо Лагово

спортски реквизити

9.3.Акции

План за организирање на хепенинг, хуманитарни, еколошки акции во учебната 2026/2027 година
Содржина на работата Носители Време
1. -Oдржување на училиштето преку уредување на училниците, ходниците и дворот стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, ученици континуирано
2. -Во локалната средина со учениците ќе се изведуваат разновидни акции од еко карактер стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, ученици, континуирано
3. -Работни акции стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, ученици континуирано
4. -Собирни акции стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, ученици континуирано
5. -Учевство во ублажување на можни последици од елементарни и други несакани опасности стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, ученици континуирано
6. -Хуманитарна акција за семејство во ризик стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, совет на родители, ученици континуирано
7. -Хепенинг по повод „Велигден“ и „Спасовден“ стручна служба, наставници, директор, раководител на ППУ, совет на родители и ученици мај 2027