22 Април – Светски ден на планетата Земја
22 Април, празникот на единствениот дом на сите живи суштества – планетата Земја, ги поттикна учениците да изработат кратки видео пораки за подигнување на свеста кај сите поединци за зачувување на животната средина од уништување и загадување. Водени од мислата „Немаме резервна планета“, учениците со своите пораки повикаа на разумно трошење на природните богатсва, користење на обновливи извори на енергија, правилно управување со отпадот, намалување на загадувањето на воздухот и водата, како и намалување на глобалното затоплување и на негативните последици од климатските промени.
„Планета Земја не ни припаѓа нам. Таа ни е позајмена од идните генерации, затоа треба да ја чуваме и негуваме, за да ја вратиме онаква како што сме ја затекнале, а би се рекло, и во подобра состојба!“ – порачаа учениците од ООУ Круме Волнароски – Тополчани.