“Cras tristique turpis justo, eu consequat sem adipiscing ut. Donec posuere bibendum metus.”
Начин на поднесување на барање за пристап до информации (начин на поднесување усно и писмено барање за пристап до информации, како и барање поднесено по електронски пат)
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создава или со кои располага ООУ „Круме Волнароски“, согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со исклучок на информациите наведени во член 6 од истиот Закон.
Барателот, пристап до информацијата може да бара: усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.
Писменото Барање може да се поднесе до ООУ „Круме Волнароски“ непосредно во архивата; преку пошта на адреса на ООУ „Круме Волнароски“ с. Тополчани, 7500 Прилеп, како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: krumevolnaroski@yahoo.com; ou-krumevolnaroski-topolchani-prilep@schools.mk; violetadimeska@yahoo.com ).
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.
Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.
Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.
Барањето, исто така, може да се достави во online формат на slobodenpristap.mk
Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: Виолета Димеска, контакт телефон: 048 480 103, 078 245 925 и е-маил: violetadimeska@yahoo.com
Линкови:
- Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
- Упатство за спроведување на Законот
- Образец на Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер-word формат
- Образец на Жалба-word формат
- Агенција за заштита на правото за слободен пристап на информациите од јавен карактер – https://aspi.mk
ООУ КРУМЕ ВОЛНАРОСКИ
с. Тополчани – ПРИЛЕП
тел: 048/480-103